HomeДЕНЕШНАРепубликаАкцијата „Цел Центар на точак“ ќе започне од 5 мај

Акцијата „Цел Центар на точак“ ќе започне од 5 мај

 

Од 5 мај, општина Центар ја започнува акцијата „Цел Центар на точак”. Општината за 2016 година издвои 2.800.000 денари и како и минатите години, на нејзините жители ќе им субвенционира 30 проценти од вредноста на купениот велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Од општина центар соопштија дека акцијата важи од денот на објавувањето. Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, започнувајќи од 5 мај, треба да достави копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општината, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка

Инаку, досега имало две акции во кои се исплатени субвенции за купување нови 1.867 велосипеди, како што посочуваат од општината покажале дека жителите на Општина Центар сакааат чиста и зелена општина Центар, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com