HomeДЕНЕШНАРепубликаАктивисти оставија фугури со коси за да се средат патиштата од обраснати треви

Активисти оставија фугури со коси за да се средат патиштата од обраснати треви

Во герила акција на Цивика мобилитас поставени се неколку картонски фигури со коси покрај патот кон Маврово со цел надлежните да ја сфатат сериозноста на проблемот со неискосената трева која го попречува видикот на возачите и може да доведе до голем број на несреќи.

„Идејата на оваа акција е да се опоменат надлежните (Македонија пат) за потребата од косењето висока трева покрај патиштата, бидејќи неискосената висока трева и џбуновите кои растат до самиот раб на патот ја намалуваат прегледноста и ги загрозуваат учесниците во сообраќајот. Со ова акција сакаме да ја подигнеме видливоста на овој проблем присутен речиси секаде низ Македонија и да придонесеме кон зголемувањето на безбедноста на ситеу чесници во сообраќајот“ посочија активистите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com