HomeДЕНЕШНАРепубликаАктерката со емотивен фејсбук статус, нејзината ќеркичка преживеа пекол

Актерката со емотивен фејсбук статус, нејзината ќеркичка преживеа пекол

Овие денови актерката Весна Петрушевска и нејзината дванасесетгодишна ќерка поминуваат низ вистински пекол, откако злоставувач ја нападна Мина а оваа информација ја пренесоа сите медиуми.

Актерката пред некој ден објави фејсбук статус во кој истакна дека нејзината ќерка е вистински херој, затоа што и покрај тоа што и се случило, одлучила да проговори за несреќниот случај.

vesna1

Според коментарите на статусот на актерката, нејзината ќеркичка е детето кое беше нападнато од маж во саботата кај Млечниот ресторан во Капиштец. Благодарение на пријавата во полицијата, насилникот е откриен. Полицијата информираше дека му е одреден 30-дневен притвор на монструмот кој ја потресе македонската јавност. Според податоците, додека 12-годишното девојче возело велосипед по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години и му побарало 20 денари. Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Утрински пишува дека изминатиот викенд, кога се случил грозоморниот настан, девојчето било на гости кај Млечниот ресторан во Капиштец. Притворениот педофил живеел во најблиското соседство и добро го познавал девојчето.

– „Дајте им го сето време на овој свет, оти кога ќе помислам што се случувало кога се соочила со монструм, ми оди да ги срушам сите планини на овој свет, да ја гушнам и никогаш да не ја пуштам. Моето дете е херој и секогаш верувајте на нивната љубов и искреност. Моето дете кое ги сака сите луѓе и им верува бескрајно“, напиша Весна во емотивниот статус со кој си ја отвори душата.

Весна не сакала да го коментира настанот телефонски за екипата на Утрински.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com