HomeРЕФЛЕКТОРФилмАктерката од „Малечката невеста“ изврши самоубиство

Актерката од „Малечката невеста“ изврши самоубиство

Пратиша Банерџи

Патриша Бенерџи, боливудската актерка, која својата слава ја стекна со улогата во серијата „Малечката невеста“, извршила самоубиство во својот дом во Мумбаи, пренесуваат индиските медиуми. Полицијата ја потврди оваа вест и соопшти дека нема пронајдено некакво писмо од актерката, а причината за смртта на 24-годишната актерка била утврдена после извршената обдукција. Се уште не е познато зошто младата актерка се одлучила на овој потег, но медиумите од порано пишувале дека Бенерџи имала љубовни проблеми и дека страдала од тешка депресија.

Пратиша Банерџи и Раул Реј Синг

Пријателите на популарната актерка исто така сметаат дека можна причина за самоубиството е тешката депресија од која страдала младата актерка, поради прекинувањето на љубовната врска со колегата Раул Реј Синг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com