HomeДЕНЕШНАПолитикаАко ви се закануваат од партија за контра-протести објавете на #ПријавиПритисок

Ако ви се закануваат од партија за контра-протести објавете на #ПријавиПритисок

12986768_1318228608192929_1817297294_o
Корисниците на Facebook започнаа нова граѓанска акција #ПријавиПритисок со цел сите кои се под мобинг на партијата за да излезат на контра-протести да пријават како и кој им се заканува или ги принудува. Бидејќи станува збор за хаштаг на социјалната мрежа Facebook секој може да прикаже СМС порака со закани и притисоци или пак анонимно да пријави до некој од активистите кои ветија дека ќе го заштитат нивниот идентитет и дека во нивно име ќе ја рашират случката. Сега се очекува и соодветен институционален одговор со кој пријавите од граѓани би се процесуирале и сите партиски „камшици“ би се откриле и казниле со цел да престане состојбата на притисок, закани, уцени и условувања со работно место, правење списоци на присутни и барање на членови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com