HomeДЕНЕШНАСветАзербејџан прогласи примирје, но ќе се брани од напади

Азербејџан прогласи примирје, но ќе се брани од напади

Владата на Азербејџан унитерално прогласи примирје на спорната територија Нагорно Карабак откако во судирите со ерменската армија загинаа околу сто војници, а уште најмалку толку се повредени. Азербејџан се залага за мирно решение на конфликтот кој ескалираше во петокот со ангажирање на тешки армиски единици и повеќе нема да учествува во офанзивни акции ниту пак ќе се одмаздува.

Потенцирано е и дека Азербејџан нема да се двоуми доколку провокациите на сепаратистите од Нагорно Карабак продолжат и ќе се ангажираат сите средства за уништување на непријателот. Одлуката е донесена по залагањето на голем број на хуманитарни и меѓународни организации за прекин на насилството, како и од притисокот на меѓународната заедница пред конфликтот да прерасне во вистинска војна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com