HomeДЕНЕШНАЕкономијаАеродромот во Охрид еден од најбрзорастечките во Европа

Аеродромот во Охрид еден од најбрзорастечките во Европа

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ успеа да стане втор најбрзорастечки во Европа гледано според категоријата под пет милиони патници годишно за првите три месеци од оваа година, соопштуваат од концесионерот ТАВ Македонија. Признанието доаѓа од Меѓународeн совет на аеродроми за европскиот регион.

aerodrom ohrid patnici

Значителниот пораст од 173,9% на бројот на патници на „Св. Апостол Павле’’ во првиот квартал, измерен од страна на ACI, надвор од туристичката сезона во Охрид, се должи пред се на воведените нови линии минатата година од охридскиот аеродром за Базел, Цирих и Лондон. Очекуваме порастот да продолжи до крајот на годината, со оглед на постоечките чартер-летови во главната туристичка сезона каде што најбројни се патниците од Холандија, но и на новата директна редовна линија Охрид-Белград, која во јуни ќе ја воведеме заедно со авиокомпанијата Ер Србија, како и новите чартер-летови – Охрид-Тел Авив со израелската авиокомпанија Аркиа и Охрид-Брисел, со најголемиот европски тур-оператор Томас Кук, кои исто така ќе почнат следниот месец, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Најбрзорастечки аеродром во Европа во категоријата под 5 милиони патници годишно е воздушното пристаниште во белгискиот град Лиеж, каде што во првото тримесечје од годинава имало пораст на патници од 275,4%. Зад аеродромите во Лиеж и во Охрид, меѓу првите пет се рангирани и аеродромите во белгискиот град Остенд (136,6%), Санторини (127,1%) во Грција и Орадеа (70,7%) во Романија. Генерално, европскиот аеродромски сообраќај во оваа категорија во првиот квартал од годинава пораснал за 8,9%.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com