HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел ја освои публиката на „Гластонбери“

Адел ја освои публиката на „Гластонбери“

Британската ѕвезда Адел на музичкиот фестивал „Гластонбери“ настапи пред воодушевената публика, со која заедно ги испеаја најголемите хитови на пејачката. Нејзиниот настап од самиот почеток го следеа многу емоции, великодушност и топлина, што посебно можеше да се види и да се слушне за време на изведувањето на нумерата „Hello“, а потоа и на „Make You Feel My Love“ и „Hometown Glory“.

Адел ја повика публиката да продолжи да пее со неа и призна дека од секогаш посакувала да настапи на овој фестивал, но дека била премногу исплашена. Потоа повикала едно девојче за да се фотографира со неа на сцената, а како што пренесува „Гардијан“ најмалку еден пар решил да стапи во брак за време на нејзиниот концерт.

Адел 2

После 90 минути и 15 отпеани песни, Адел открила: „Не сакав да дојдам, а сега не сакам да заминам. Ова е еден од најубавите моменти во мојот живот“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com