HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел случајно бакнала обожавател (ФОТО)

Адел случајно бакнала обожавател (ФОТО)

Британската пејачка Адел на својот обожавател на концерт во Ванкувер му дала незаборевен поклон, откако го повикала на сцената во арената „Роџерс“. Обожавателот, чие име на Твитер гласи Визи и открил на пејачката дека дошол од Нигерија за да го виде и слушне својот идол, а потоа Адел одлучила да го прегрне.

Adel-f2

Меѓутоа, 21-годишното момче во тој момент ја свртело главата, сакајќи да го забележи моментот со камерата на својот телефон, па така, тие наместо во образ, се бакнале во уста. Момчето поради воодушевување започнало да скока на сцената, а изненадената британска пејачка и рекла на публиката: Фала му на бога, мојот маж не е овде! Боже, не сум бакнала друг маж веќе шест години!“.

После тоа направиле селфи кое Визи го објавил на Твитер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com