HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел речиси непрепознатлива без шминка (ФОТО)

Адел речиси непрепознатлива без шминка (ФОТО)

Славната британска пејачка Адел го откажа својот настап во Финикс во Аризона поради здравствени проблеми, а на обожавателите им се обрати преку видео-снимка по пат на социјалните мрежи каде се појави без шминка. Сите кои ја следат нејзината работа и кариера знаат дека таа никогаш не се појавува без ајлајнери на очите, но овој пат беше поинаку.

Adel-f2

Пејачката одлучи да го забележи процесот на отстранување на шминката и да го покаже своето вистинско лице преку фотографиите кои ги објави на „Инстаграм“.

Потоа објави и видео-снимка со која разочара бројни свои обожаватели: „Нема да можам да одржам концерт вечерва, навистина ми е многу жал поради тоа. Имам настинка веќе неколку дена и се обидев да ја пребродам, но синоќа состојбата повторно ми се влоши. И да го одржев овој концерт, немаше да звучам добро. Многу, многу ми е жал што ве разочарав“, изјави пејачката ветувајќи нов термин за концерт.

Обожавателите и се заблагодарија што со нив го сподели нејзниот природен изглед, истакнувајќи дека природната убавина треба да се слави и промовира.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com