HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАдел објави нов спот

Адел објави нов спот

Музичката ѕвезда Адел својот нов спот за песната „Send My Love (To Your New Lover)“, премиерно го прикажа на свечената ноќ на доделувањето на музички награди, а режисер на ова видео е Патрик Даутерс. Во спотот, Адел се бори со голема црна ѕвезда, а може да се примети и нејзиниот раскошен фустан. Адел својот трет студиски алум „25“ го издаде во ноември, а беше прва на листата на „Билборд“ дури 10 недели по ред.

Неодамна настапуваше на распродадената европска турнеја по повод промоција на својот нов албум, а објавено е и дека ќе настапува на фестивалот „Гластонбери“ на 22 јуни. Нејзината северноамериканска турнеја би требало да започне на 5 јули, а да заврши на 15 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com