HomeФЕР ПЛЕЈФаулАгим Ибраими ги објави понижувачките СМС пораки од Заховиќ

Агим Ибраими ги објави понижувачките СМС пораки од Заховиќ

Македонскиот фудбалски интернационалец Агим Ибраими ги објави навредливите и понижувачки СМС пораки кои му ги испраќал Златко Заховиќ, директорот на фудбалскиот Марибор, по изречената суспензија. Ибраими откри дека бил навредуван на верска и етничка основа и дека Заховиќ го пцуел со тешки зборови.

„Тие се одлучија за суспензија и молк, но јас не можам да молчам, морам да ја откријам вистината. Очекував извинување, по можност јавно, од Заховиќ и од клубот, но наместо тоа бев оставен во неизвесност и дознав дека инцидентот ќе се решава во „семејството”. Во кое семејство? Таму каде кое се зборува за сексуален однос со мајка? Во семејство во кое се исфрлаат луѓе од куќата? Во семејство во кое се прави делба според етничката припадност и верата?”, изјави Ибраими.

Заради овие причини најверојатно ќе го напушти клубот иако има договор до 2019-та и беше еден од најистакнатите поединци. Ибраими побарал заштита од Марибор по заканите на навивачите, а беше обвинет дека го напуштил карантинот пред натпреварот против Домжале.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com