HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАгентот потврди- Барселона преговара со ветеранот!

Агентот потврди- Барселона преговара со ветеранот!

Агентот на фудбалерот тврди дека има понуда од Барселона. Напаѓачот на Бенфика Жонас е нова мета на Барселона, која веќе го контактирала неговиот агент и започнала преговори. Овој 32-годишен напаѓач експлодираше минатата сезона, постигна 32 погодоци на 34 натпревари во португалското првенство и беше најзаслужен за освоената титула на неговиот тим.

„Почестени сме од интересот на Барселона, бидејќи тоа е потврда за одличната работа на Жонас и дека имаше спектакуларна сезона. Кога некој клуб е заинтересиран за играч, треба што побргу да започне да преговара со цел договорот да биде брзо постигнат. До трансфер нема да дојде лесно, бидејќи Барселона се уште нема испратено официјална понуда“, изјави Тијаго Гонкалвеш.

„Исто така, сакам да нагласам дека мојот агент е многу среќен во овој клуб. Интересот на Барселона е голема работа и награда за одлично завршена работа. Но, до трансфер ќе дојде само доколку Жонас и Бенфика бидат среќни со завршената работа“, додава Гонкалвеш. Прва мета на Луис Енрике е Лусијано Вието, но доколку не дојде Аргентинецот, тогаш Барселона ќе тргне во „лов“ по Жонас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com