HomeДЕНЕШНАРегионАвтомобил влета на плажа во Кушадаси, едно лице загина

Автомобил влета на плажа во Кушадаси, едно лице загина

Автомобил влета меѓу голем број луѓе кои уживаа на плажата во познатото туристичко место Кушадаси во егејската покраина Ајдин, при што загина едно лице а четири други се повредени. Возачот на автомобилот, кого медиумите го идентификуваат како 84-годишен локален жител, ја загубил контролата над возилото и излетал од патот, пренесува агенцијата Доган.

Автомобилот влетал во луѓето кои се сончале и пливале на плажата пред да заврши во морето. Во инцидентот загинал 31-годишен турски државјанин, а покрај сопругата на возачот повредена е и уште една повозрасна жена и двегодишно дете. Повредените се однесени во блиската болница, додека автомобилот е извлечен од морето по неколку часа, по завршувањето на увидот. Турските власти отворија истрага за инцидентот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com