HomeДЕНЕШНАРегионАвтомобил бомба експлодира во Истанбул, петмина повредени

Автомобил бомба експлодира во Истанбул, петмина повредени

Пет луѓе се ранети во експлозија во реонот Санџактепе во азискиот дел од Истанбул. Експлодирал автомобил паркиран пред касарна во момент кога преминувало воено возило. Повредени се една жена и четири мажи.

Гувернерот на Истанбул, Вазип Сахин соопшти дека луѓето се пренесени во болница, но никој не е сериозно повреден. Според Сахин, автомобилот со експлозив бил паркиран на околу 180 метри од влезот на касарната. Прозорците на околните згради се искршени од силната експлозија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com