HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтобус со македонски туристи удрен од камион во Турција, еден загинат и многу повредени

Автобус со македонски туристи удрен од камион во Турција, еден загинат и многу повредени

Автобус кој пренесувал туристи од Македонија бил удрен од камион на автопатот Едрене-Кешан во близина на градот Текирдаг. Во несреќата еден македонски државјанин го загуби животот, а уште 38 се повредени од кои петмина потешко.

Судирот бил премногу силен и камионот стотина метри го влечел автобусот кој бил целосно забиен, а патниците приклештени меѓу седиштата.

Според турски медиуми, во притвор се наоѓаат возачот на автобусот и возачот на камионот. Несреќата се случила вчера, а повредените се пренесени во болница во Кешан и во Малкара.

Македонското Министерството за надворешни работи, соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com