HomeАЈНШТАЈНИЈААтласАвстралија го шокираше светот – дозволи 4 годишно момче да оди на операција за промена на полот

Австралија го шокираше светот – дозволи 4 годишно момче да оди на операција за промена на полот

Ова е премногу и за најлибералната земја. Четиригодишно момче од Австралија ќе биде подложено на операција на промена на полот – пишува Metro.co.uk. Одделението за образование во Нов Јужен Велс развило начин за поддршка на момчето кое идната година ќе тргне во градинка.

Психолозите и експертите за трансродни личности сметаат дека момчето е премногу мало за да се подложи на толку опасна операција која бара низа промени.

– Во повеќето слуачи би рекла дека лицата на четиригодишна возраст се премногу млади за да би се преземале какви било драстични мерки. Меѓутоа, искуството ми покажало дека децата со силна идентификација на спротивниот пол главно се во право во тоа што точно чувствуваат – рекла Кетрин Мекрегор, адвокат за трансродни лица.

Роуз Кантали, клинички психолог, рекла дека според неа четиригодишна возраст е апсолутно премногу ран период за нешто толку сериозно.

– Јас би била многу претпазлива, а верувам дека и другите психолози би го рекле истото. Во тој период кај детето сè уште, сè се развива – рекла психологот Кантали.

Грегори Прајот од Одделението за образование на Нов Јужен Велс рекол дека е дел од нивната иницијатива. Сигурно училиште и помош на децата кои имаат проблеми со сексуалната идентификација и дека ова четиригодишно момче е најмладиот случај кој го имале досега.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com