HomeДЕНЕШНАСветАвганистан не планира продолжување на преговорите со талибанците

Авганистан не планира продолжување на преговорите со талибанците

Четири нации – Авганистан, Пакистан, Кина и САД не планираат да продолжат со мировните преговори со талибанците по претходната рунда состаноци која не даде никакви резултати, соопштија денеска авганистански официјални лица.

Портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека не постои план за оживување на мировниот процес кој има за цел талибанците да бидат на преговарачка маса.

Групата претставници од четирите држави пет пати имаа состанок од јануари во Кабул и во Пакистан. Во мировните преговори не учествуваа талибанците кои одбија да присуствуваат на заеднички состаноци.

Авганистански официјални лица го обвиннуваат Пакистан за давање засолниште на лидер на талибанците, додека Исламабад негира. Тие велат дека Авганистан е на удар на „терористички групи кои дејствуваат и имаат бази во Пакистан“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com